Нетанјаху и Ганц нерешено на изборите во Израел

Стапката на учество на граѓаните на вчерашните избори во Израел беше зголемена во споредба со претходните и изнесуваше 69,4 отсто

1271633
Нетанјаху и Ганц нерешено на изборите во Израел

Премиерот Бинјамин Нетанјаху и лидер на партијата Ликуд на вчерашната трка на парламентарните избори со противникот Бени Ганц, лидер на Сино-белата партија освоија ист број на пратенички места.

Централната изборна комисија на Израел соопшти дека досега се иброени 92 отсто од гласовите.

Според неофицијалните резултати, 9 од 29 партии кои учествуваа на изборите го поминаа изборниот праг од 3,25 отсто.

Стапката на учество на граѓаните на вчерашните избори во Израел беше зголемена во споредба со претходните и изнесуваше 69,4 отсто.

Според неофицијалните резултати, покрај тоа што партијата на Нетанјаху освои малку повеќе гласови од противничката партија, гледано од аспект на пратеничките места, двете партии имаат ист број на пратенички места.

Според резултатите, партијата Ликуд чиј претседател е премиерот Нетанјаху и Партијата на сино-белите чии лидери се поранешниот началник на ГШ Бени Ганц и Јаир Лапид освоија по 32 пратенички места.

Партиите кои застапуваат и околу 2 милиони Палестинци државјани на Израел, на овие избори во споредба со претходните влегоа под еден кров и од Блокот наречен Заедничка арапска листа освоија 12 пратенички места.

Ултранационалистичка Партија Еврејска моќ (Оцма Јехудит) која на овие избори се очекуваше да се приклучи кон коалицијата на Нетанјаху остана под изборниот праг, додека Партијата Израел наш дом (Бејтејну) на поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман освои 9 пратенички места.

Либерман уште еднаш се стекна со клучна позиција во формирањето на коалиционите влади во Израел.

За формирање влада во Израел, од 120 пратеници колку што брои Собранието на оваа земја, партијата која што планира да формира влада треба да обезбеди најмалку  61 пратеничко место. Според последните резултати од изборите во Израел, ниту една од партиите не ќе може да формира самостојна влада, поради што се очекува да се формира нова коалициона влада.

Почнувајќи од утре, претседателот на Израел Реувен Ривлин ќе почне со средбите со претставниците на партиите кои беа избрани во собранието.

Претседателот, независно од тоа која партија доби најмногу гласови на изборите, мандатот за формирање на владата може да го даде на лидерот кој е поблиску до опцијата за формирање влада.



Слични вести