Михаил Мизинчев: САД го попречуваат мировниот процес во Сирија

Шефот на Националниот контролен центар при Министерството за одбрана на Русија Михаил Мизинчев истакна дека нелегалното присуство на САД и нивните сојузници во Сирија го попречува мировниот процес во оваа земја

1272107
Михаил Мизинчев: САД го попречуваат мировниот процес во Сирија

Шефот на Националниот контролен центар при Министерството за одбрана на Русија Михаил Мизинчев, на одржаниот брифинг во Министерството за одбрана даде значајни изјави во врска со политиките на САД во Сирија.

Мизинчев истакна дека нелегалното присуство на Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници во Сирија го попречува мировниот процес во оваа земја.

Велејќи дека САД и нивните сојузници не ѝ придаваат значење на судбината на Сиријците, Мизинчев рече: „САД, за да го оправдат своето нелегално присуство во Сирија и да ги задоволат своите геополитички амбиции, имаат потреба од тензични зони во Сирија. Можеме да забележиме дека секаде онаму каде што се присутни САД постои пустош, беда и разни болести.“

Мизинчев привлече внимание на лошите услови за живеење во кампот Ал Хол на границата со Ирак, во близина на градот Хасеке, којшто е под контрола на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и го рече следното: „Кампот Ал Хол претставува пример на деструктивната политика којашто ја спроведуваат САД во Сирија.“



Слични вести