Израелските сили ранија четворица Палестинци од кои едно дете

Израелските војници одговорија со вистински куршуми врз Палестинците кои се спротивставија на упадот на еврејските доселеници во Рамалах на Западниот Брег, а интервенираа со солзавец и врз Палестинците во Источен Ерусалим

1271387
Израелските сили ранија четворица Палестинци од кои едно дете

Израелските сили, на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим ранија четворица Палестинци од кои едно дете.

Според добиени информации од локални извори, Палестинците покажаа реакција против упадот на еврејските доселеници кои под заштита на израелските војници упаднаа во месноста Мезра ел-Гарбије во градот Рамалах на Западниот Брег.

Израелските војници одговорија со вистински куршуми врз Палестинците кои се спротивставија на упадот и притоа беа ранети тројца Палестинци од кои едно дете.

Ранетите беа префрлени во арапската болница Ел-Истишари во близина на Рамалах. 

Како што се истакнува здравствената состојба на застреланото дете со куршум со високо разорно дејство била тешка.

Според објавеното писмено соопштение од  Црвената полумесечина на Палестина, еден Палестинец е ранет со вистински куршум и за време на судирот помеѓу израелските сили и Палестинците во областа Ебу Дис во Источен Ерусалим. Ранетиот Палестинец е префрлен во болницата Рамалах.

Освен тоа, израелските војници извршија упад и на областа Динамометре во градот Тубас на Западниот Брег.

Палестинците покажаа реакција против упадот со фрлање камења, додека израелските војници одговорија со солзавец. 

Едниот од шесте Палестинци кои беа изложени на негативното влијание на гасот беше префрлен во турската болница Тубас.



Слични вести