Трамп со закана за напад врз Иран: Воениот напад би претставувал пропорционален одговор

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека поради реализираниот напад врз постројките на државната нафтена компанија на Саудиска Арабија „Сауди Арамко“, нападот врз Иран би претставувал пропорционален одговор

1270862
Трамп со закана за напад врз Иран: Воениот напад би претставувал пропорционален одговор

Американскиот претседател Доналд Трамп пред да замине за сојузната држава Њу Мексико, во дворот на Белата куќа даде изјава за новинарите.

Трамп истакна дека поради реализираниот напад врз постројките на државната нафтена компанија на Саудиска Арабија „Сауди Арамко“, нападот врз Иран би претставувал пропорционален одговор.

Велејќи дека за кусо време ќе се дојде до јасен заклучок дали во позадината на реализираниот напад врз нафтените постројки на „Сауди Арамко“ стои Иран, Трамп рече: „Ќе одлучиме што ќе направиме понатаму.“

На едно поставено новинарско прашање „Дали би било пропорционално САД да извршат воен напад врз Иран како одговор на нападот извршен врз саудиските нафтени постројки?“, Трамп рече: „Мислам дека ќе биде пропорционално. Мојот одговор на ова прашање е 'да'.“

Американскиот претседател Доналд Трамп  додаде дека поради нападот врз „Арамко“ САД нема да бидат подложени на влијание од зголемувањето на цените на нафтата.



Слични вести