Денес во Израел се одржуваат парламентарни избори

Израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху на само неколку часа пред изборите под засилени безбедносни мерки го посети Ѕидот на плачот Бурак

1270781
Денес во Израел се одржуваат парламентарни избори
netanyahu aglama duvari.jpg
netanyahu aglama duvari.jpg

Денешните парламентарни избори во Израел имаат мошне големо значење како од аспект на политичката кариерата на премиерот Бинјамин Нетанјаху така и од аспект на иднината на Палестина.

Над 6 милиони 394 илјади гласачи на Израел годинава по вторпат ќе гласаат за 120-те пратеници во Собранието.

Гласањето во Израел освен во болниците и затворите започна во 07/00 часот по локално време, е ќе заврши во 22.00 часот.

На изборите кои се истакнува дека ќе бидат најконтроверзни, ќе се натпреваруваат 29 партии.

Големо интересирање предизвикува исходот на воздржаните и неодлучни гласачи како и податокот дали Палестинците со израелско државјанство ќе гласаат на овие избори.

Додека учеството на гласачите на парламентарните избори во 2015 година изнесуваше 71,8 од севкупниот број на гласачи, на изборите што се одржаа на 9 април оваа бројка се намали на 68,4 отсто.

Според анкетите на израелскиот печат и медиуми, изборната трка ќе помине меѓу Бинјамин Нетанјаху, актуелниот премиер и лидер на партијата Ликуд и Бени Ганц, поранешниот началник на генералштабот и лидер на партијата Сино-белите.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху на само неколку часа пред изборите под големи безбедносни мерки го посети Ѕидот на плачот Бурак на Месџиди Акса кој се наоѓа во окупираниот Источен Ерусалим.

Посетата беше емитувана во живо преку профилите на Нетанјаху на социјалните медиуми, а почна да се моли дури откако една мала белешка ја стави во отворите на Ѕидот на плачот.

Посета на Нетанјаху на Ѕидот на плачот во придружба на рабините на само  неколку часа пред изборите предизвика големо внимание.



Слични вести