Бомбашки напад на предизборниот митинг на авганистанскиот претседател Гани: Загинаа најмалку 26 лица

Како што се истакнува здравствената состојба на авганистанскиот претседател Ешреф Гани му била добра

1271157
Бомбашки напад на предизборниот митинг на авганистанскиот претседател Гани: Загинаа најмалку 26 лица
afganistan gani miting saldiri1.jpg

Во реализиран бомбашки напад за време на предизборен митинг во Авганистан на кој учествуваше и претседателот Ешреф Гани животот го загубија 26 лица, а десетици лица се ранети.

Како што се истакнува здравствената состојба на авганистанскиот претседател Ешреф Гани му била добра.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими, во дадената изјава за печатот истакна дека напаѓачот ја активирал бомбата поставена на мотоцикл во близина на големата толпа насобрани луѓе на предизборниот митинг во областа Џенгел Баг во провинцијата Парван.

Велејќи дека во нападот загинаа 26 лица од кои 22-јца цивили, Рахими напомена дека воедно беа ранети 42 лица.

Како што се истакнува, здравствената состојба на 11 од ранетите била тешка поради што се стравува од зголемување на бројот на жртвите. 

Очевидци истакнуваат дека за време на нападот на просторот каде што се одржувал предизборниот митинг се наоѓал и авганистанскиот претседател Ешреф Гани и дека се спасил од нападот без да здобие повреди.

Одговорноста за бомбашкиот напад ја презеде Талибан.

Инаку, претседателските избори во Авганистан ќе се одржат на 28 септември.



Слични вести