Во терористички напад со возило бомба во Чобанбеј на северот на Сирија загинаа 12 цивили

Возило бомба е експлодирано во близина на болницата во месноста Чобанбеј во северниот дел на Сирија, веднаш во непосредна близина на границата со Турција, животот го загубија 12 цивили, а голем број се ранети

1269854
Во терористички напад со возило бомба во Чобанбеј на северот на Сирија загинаа 12 цивили

Во реализиран терористички напад со возило натоварено со бомби во близина на болницата во месноста Чобанбеј во северниот дел на Сирија, веднаш во непосредна близина на границата со Турција, животот го загубија 12 цивили, а голем број се ранети

Во јужниот дел на Чобанбеј којшто се наоѓа во областа каде што е реализирана операцијата Еуфратски штит, во северниот дел на Сирија во непосредна близина на границата со Турција, наспроти населеното место Елбејли кај градот Килис, беше експлодирано возило бомба во едно паркиралиште во близина на болницата во Чобанбеј.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во терористичкиот напад животот го загубија 12 цивили, а голем број цивили се ранети.

Поради тоа што во експлозијата се срушени куќите во близина на болницата, се стравува од зголемување на бројот на жртвите.

Во експлозијата е причинета материјална штета и во болницата.



Слични вести