Помпео за нападите врз нафтените постројки на Саудиска Арабија го обвини Иран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека ќе работат заедно со своите партнери и созјузници за да се овозможи продолжување на најдобар начин на снабдувањето на енергетските пазари и за прогласување на Техеран за одговорен за нападите

1269585
Помпео за нападите врз нафтените постројки на Саудиска Арабија го обвини Иран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во врска со реализираните напади со наоружани беспилотни летала врз две големи нафтени постројки во Саудиска Арабија директно го обвини Иран.

Помпео во објавеното соопштение на својата сметка на на Твитер застана во одбрана на тоа дека додека иранскиот претседател Хасан Рухани и министерот за надворшени работи Џевад Зариф се однесуваат како да водат дипломатија, Техеран се наоѓа во позадината на близу 100 напади против Саудиска Арабија.

„Меѓу повиците за намалување на целата тензија Иран сега започна досега невиден напад против снабдувањето со нафта. Нема докази за тоа дека нападите се извршени од Јемен.“ - рече Помпео.

Повикувајќи ги сите земји отворено и јасно да ги осудат нападите на Иран, Помпео истакна дека ќе работат заедно со своите партнери и сојузници за да се овозможи продолжување на најдобар начин на снабдувањето на енергетските пазари и за прогласување на Техеран за одговорен за нападите.

Инаку, беше соопштено дека се појавил пожар по реализираните напади со две наоружани беспилотни летала вчера утрото рано во 04:00 часот по локално врмее врз два фабрики во сопственост на националната нафтена компанија на Саудиска Арабија „Сауди Арамко“.

Во врска со нападите со наоружани беспилотни летала во кои немаше загинати или ранети не беше обвинета ниту една страна, додека Хусите во објавеното писмено соопштение алудираа на тоа дека нападите ги извршиле тие.



Слични вести