САД ќе и продадат на Полска 32 борбени авиони Ф-35А во вредност од 6,5 милијарди долари

Полска своето барање до САД за набавка на борбени авиони Ф-35, како дел од обидите на оваа земја за обнова и замена на своите ескадрили од руско производство Миг-29 и Су-22, го достави во мај оваа година

1267903
САД ќе и продадат на Полска 32 борбени авиони Ф-35А во вредност од 6,5 милијарди долари

Американскиот државен секретаријат ја одобри продажбата на 32 борбени авиони од петта генерација Ф-35А на Полска, во вредност од 6,5 милијарди долари.

Во објавеното писмено соопштение од Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на САД се истакнува дека во продажбата освен 32 борбени авиони Ф-35А кои што можат да реализираат конвенцијално летање и полетување се вклучени и голем број други делови како 33 резервни мотори Ф-135 и електронски борбени системи на авионите.

Освен тоа, во соопштението се вели следното: „Оваа продажба ќе и придаде доверлива одбранбена способност на Полска за одвраќање на агресивните однесувања во регионот и ќе овозможи можност за заедничка интероперабилност со вооружените сили на САД.“

Инаку, Полска своето барање до САД за набавка на борбени авиони Ф-35, како дел од обидите на оваа земја за обнова и замена на своите ескадрили од руско производство Миг-29 и Су-22, го достави во мај оваа година.

Властите во Варшава се очекува во рамките на воената модернизација на земјата до 2026 година да остварат воени трошоци во износ од 47 милијарди долари.

Полска во 2017 година од САД купи противвоздушно одбранбен систем Патриот во вредност од 10,5 милијарди долари, а исто така освен ракетен систем ХМАРС (HMARS) и проектили стенд оф (stand off) во последно време купи оружје и воена опрема во износ од околу 2 милијарди долари.

 



Слични вести