По ураганот Дориан на Бахамите 2.500 лица се уште се водат како исчезнати

Одделот за итни услуги на Бахамите соопшти дека по силниот ураган Дориан од петта категорија се уште не можат да се добијат информации од 2.500 лица

1267959
По ураганот Дориан на Бахамите 2.500 лица се уште се водат како исчезнати

Како што се истакнува, поради ураганот Дориан кој ги погоди Бахамите се уште се водат како исчезнати 2.500 лица.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување на Бахамите кои минатата недела беа силно погодени од ураганот Дориан од петта категорија.

Одделот за итни услуги на Бахамите соопшти дека се уште не можат да се добијат информации од 2.500 лица.

Надлежни претходно како последно соопштија дека бројот на загинатите во ураганот се зголеми на 50 лица, меѓутоа поради тоа што се уште не можат да се добијат информации од голем број лица се стравува од зголемување на бројот на жртвите.

Воедно се истакнува дека некои од тие 2.500 лица од кои не можат да се добијат информации можеби се наоѓаат во места за привремено згрижување и дека откако ќе бидат завршени контролите оваа бројка би можела да опадне.

Надлежни исто така соопштуваат дека од двете острови кои што беа најсилно погодени од ураганот Дориан досега се евакуирани 5 илјади лица, а приближно 7 илјади лица чекаат да бидат евакуирани.

Од друга страна, и Обединетите нации (ОН) кои испратија екипа за утврдување на штетите од ураганот Дориан на Бахамите соопштија дека 70 илјади лица имаат потреба од итна помош.

Ураганот Дориан е регистриран како најсилен ураган кој што го погодил досега регионот и освен големиот број загинати и повредени, причини и големи материјални штети, а воедно илјадници лица останаа без своите домови на Бахамите.



Слични вести