Израелските војници притворија 11 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија, во синоќешните реализирани упади во различни области на Западниот Брег со тврдење дека „се замешани во терористички акции“ се притворени 11 Палестинци.

1268245
Израелските војници притворија 11 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Израелските војници приворија 11 Палестинци на окупираниот Западен Брег.

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија, во синоќешните реализирани упади во различни области на Западниот Брег со тврдење дека „се замешани во терористички акции“ се притворени 11 Палестинци. 

Во соопштението се истакнува дека притворените Палестинци биле испратени во центарот за притвор во областа.

Израелските сили често реализираат упади по куќите на Палестинците на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) и под различни тврдења и изговори ги притвораат Палестинците.

По овие зачестени притвори на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), некои од Палестинците, меѓу кои има и жени и деца, се држат со денови во центрите за притвор.

Израел со применувањето наречено „административен притвор“ согласно добиените разузнавачки информации може да ги држи во притвор Палестинците во времетраење од 1 до 6 месеци.

Доколку се одлучи дека приведениот „претставува закана за безбедноста на Израел“ воениот судија без изнесување и на одредено обвинение за сторено кривично дело времетраењето на притвор може да го продолжи и до 5 години.

Според официјални палестински извори, во израелските затвори има над 5 илјади Палестинци од кои приближно 500 се административни затвореници и 220 деца.



Слични вести