Фејсбук го спречи испраќањето пораки од профилот на Нетанјаху

Фејсбук го суспендира автоматското објавување објави преку профилот на израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху поради провокативните пораки насочени против арапските граѓани и особено Ејмен Ајде

1268481
Фејсбук го спречи испраќањето пораки од профилот на Нетанјаху

Фејсбук ги спречи провокативните објави од профилот на израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху насочени против Палестинците кои се државјани на Израел.

Ејмен Ајде, лидерот на Блокот на заедничката арапска листа кој ги претставува Палестинците во земјата кои се државјани на Израел во писмената изјава истакна дека Фејсбук го суспендира автоматското објавување објави преку профилот на израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху поради провокативните пораки насочени против арапските граѓани и особено Ејмен Ајде.

Ајде рече дека се обратиле до претставниците на Фејсбук во земјата и се пожалиле на провокативните и вознемирувачки објави на профилот на Нетанјаху кои ги прекршуваат правилата на сајтот, поради што побарале истите да се избришат и да се суспендира натамошното објавување пораки од профилот на Нетанјаху.



Слични вести