Прогласена тридневна жалост поради човечкото стампедо во Кербела, во Ирак

На барање на гувернерот на Кербела Несиф ел Гутаби и со одобрение на ирачкиот премиер Адил Абдулмехди е прогласена тридневна жалост за загинатите во човечкото стампедо до кое што дојде за време на церемонијата на Денот Ашура во градот Кербела (Карбала)

1267333
Прогласена тридневна жалост поради човечкото стампедо во Кербела, во Ирак

Поради смртта на најмалку 31 лице вчера за време на човечкото стампедо до кое дојде на церемонијата на Денот Ашура во градот Кербела (Карбала) во Ирак, е прогласена тридневна жалост во земјата.

Во објавеното писмено соопштение од Губернијата на Кербела се истакнува дека на барање на гувернерот Несиф ел Гутаби и со одобрение на ирачкиот премиер Адил Абдулмехди е прогласена тридневна жалост за загинатите во човечкото стампедо до кое што дојде за време на церемонијата на Денот Ашура во градот Кербела (Карбала). 

За време на церемонијата по повод Денот Ашура вчера во градот Кербела (Карбала) во Ирак животот го загубија најмалку 31 лица, а 100-тина беа повредени од кои некои потешко.

По настанот, ирачкиот премиер Адил Абдулмехди замина за градот Кербела каде што го посети местото на настанот, а потоа ги посети и повредените во болница.



Слични вести