Претседателот Трамп го разреши својот советник за национална безбедност Џон Болтон

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша: „Жестоко се спротивставував на безброј предлози на Болтон и на ист став со мене беа и голем број функционери во управата. Затоа ја побарав оставката на Џон и Тој утрово ми ја врачи.“

1267106
Претседателот Трамп го разреши својот советник за национална безбедност Џон Болтон

Американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението коешто го објави на социјалната мрежа Твитер истакна дека синоќа му рекол на советникот за Национална безбедност Џон Болтон дека веќе нема потреба од него во Белата куќа и го разрешил од должност.

Велејќи дека жестоко се спротивставувал на безброј предлози на Болтон и дека на ист став со него биле и голем број функционери во управата, Трамп  напиша: „Затоа ја побарав оставката на Џон и Тој утрово ми ја врачи. Му благодарам на Џон за заслугите.“

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека новиот советник за национална безбедност на местото на Џон Болтон ќе биде назначен идната недела. 

Во меѓувреме, и Џон Болтон на својата сметка на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Синоќа му ја предложив мојата оставка на претседателот Трамп и Тој ми рече за тоа да зборуваме утре.“



Слични вести