Меркел ги повика европските земји на поцврста соработка против коренитите промени во светот

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека растечката тензија помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Кина и истовремено повторното зајакнување на Русија од геостратешки аспект создава коренити резултати

1267599
Меркел ги повика европските земји на поцврста соработка против коренитите промени во светот

Германската канцеларка Ангела Меркел во своето обраќање пред Федералниот Парламент (Бундестагот), а во рамките на разговорите за буџетот за 2020 година, ги повика европските земји на поцврста соработка против коренитите промени во светот.

Меркел истакна дека растечката тензија помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Кина и истовремено повторното зајакнување на Русија од геостратешки аспект создава коренити резултати.

Таа воедно напомена дека воено и одделувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), односно Брегзит, ќе ја ослаби Европа.

Укажувајќи дека во светот од една страна ги има САД како супер сила, кои се воена и политичка сила и кои и покрај сите разлики во ставовите располагаат со системот на вредности на Европа, а од друга Кина со нејзината економија и воена сила во подем, Меркел нагласи дека во еден ваков свет Европа треба да работи на студии за поредок кој што ќе ја опфаќа мултилатералноста.

Германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека САД нема да преземат улога на заштитувач на Европа како во периодот на Студената војна и упати повик до Европа да биде силна.



Слични вести