Во вооружен напад во Холандија загинаа 3 лица, а едно лице е рането

Како што се истакнува причина за вооружениот напад била семејна драма и во куќата во којашто бил извршен нападот биле пронајдени мртви едно возрасно лице (татко) и две деца, а мајката била тешко ранета

1266378
Во вооружен напад во Холандија загинаа 3 лица, а едно лице е рането
hollanda.jpg
hollanda saldiri.jpg

Во вооружен напад во градот Дордрехт во Холандија животот го загубија 3 лица, а едно лице е рането.

Во објавеното писмено соопштение од полицијата на Ротердам се истакнува дека во Дордрехт бил реализиран вооружен напад во кој загинале 3 лица од кои еден возрасен маж (татко) и две деца, а едно лице-жена (мајката) била тешко ранета.

Во соопштението се вели дека продолжува истрагата во врска со случајот.

Во веста објавена на јавниот информативен радиотелевизиски канал „NOS“ пак, се истакнува дека причина за нападот била семејна драма и дека во куќата во којашто бил извршен вооружениот напад биле пронајдени мртви едно возрасно лице (татко) и две деца. Жената пак, која била тешко ранета била префрлена на лекување во болница.

Во веста се вели дека во куќата во која е реализиран вооружениот напад живеел еден полицаец и дека на местото на случајот биле испратени голем број полициски и медицински екипи.

 



Слични вести