Во експлозија во градот Худејде во Јемен загинаа 7 цивили, а 20 мина се ранети

Портпаролот на Заедничките сили на западниот брег полковник Вадах ед-Дубејш истакна дека во серија експлозиии во една зграда во градот Худејде во Јемен, животот го загубија 7 цивили, а 20 мина се ранети

1266482
Во експлозија во градот Худејде во Јемен загинаа 7 цивили, а 20 мина се ранети

Во серија експлозиии во една зграда која што од страна на Хусите била користена како складиште за муниција во стратешкиот пристанишен град Худејде во Јемен, животот го загубија 7 цивили, а 20 мина се ранети.

Портпаролот на Заедничките сили на западниот брег полковник Вадах ед-Дубејш истакна дека во фабриката за пластика во маалото ез-Зафаран во јужниот дел на градот Худејде, која што од страна на Хусите била користена како складиште за муниција, дошло до серија експлозии.

Велејќи дека во експлозиите животот го загубиле 7 цивили, а 20 мина биле ранети, Дубејш рече дека поради експлозиите биле срушени и некои куќи во кои се претпоставува дека се засолнале семејства кои избегале од војната. 

Во врска со случајот засега не е објавено било какво соопштение од страна на Хусите.

 

 



Слични вести