Хамас на југот на Појасот Газа собори израелско беспилотно летало

Според палестинскиот локален печат, една група од составот на Исламистичкото движење за отпор Хамас соборила беспилотно летало на Израел во источниот дел на градот Рефах на југот на Појасот Газа

1266736
Хамас на југот на Појасот Газа собори израелско беспилотно летало

На југот на Појасот Газа под израелска блокада, од страна на Хамас било соборено беспилотно летало во сопственост на Израел.

Според палестинскиот локален печат, една група од составот на Исламистичкото движење за отпор Хамас соборила беспилотно летало на Израел во источниот дел на градот Рефах на југот на Појасот Газа.

Во вестите се истакнува дека собореното беспилотно летало било од типот „quadcopter“ и било преземено од страна на Хамас.

Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае исто така во објавеното писмено соопштение на својата сметка на социјалната медија ја потврди информацијата дека во Појасот Газа паднало беспилотно летало во сопственост на Израел.

Адрае напомена дека продолжува испитувањето во врска со собореното израелско беспилотно летало синоќа во Појасот Газа.

Инаку во Појасот Газа и претходно беа сооборени неколку беспилотни летала на израелската армија, а поготово од типот „Skylark“.



Слични вести