Британската кралица Елизабета втора го одобри нацрт законот за спречување на Брегзит без договор

Нацрт законот за спречување на Брегзит без договор беше усвоен минатата недела во Долниот дом и Горниот дом (Домот на лордовите) на британскиот Парламент, а вчера беше одобрен и од страна на британската кралица Елизабета втора по што е озаконет

1266475
Британската кралица Елизабета втора го одобри нацрт законот за спречување на Брегзит без договор

Британската кралица Елизабета втора го одобри нацрт законот со кој се спречува да се оствари Брегзит без договор, односно излез на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) без претходно да се постигне соодветен договор за тоа.

Нацрт законот за спречување на Брегзит без договор кој што на барање на опозициските партии, а со поддршка и на пратениците опозиционери внатре во владејачката Конзервативна партија беше усвоен во Парламентот, вчера добри одобрение и од британската кралица Елизабета втора, по што е озаконет.

Нацрт законот минатата недела беше усвоен најпрвин во Долниот дом, а потоа и во Горниот дом (Домот на лордовите) на британскиот Парламент.

Согласно овој нацрт закон, доколку британската Влада не може да постигне соодветен договор за Брегзит или не може да добие одобрение од Парламентот за разделба без договор до 19 октомври, ќе мора да побара од Европската унија (ЕУ) 3 месеци одложување за Брегзит.

Доколку Европската унија (ЕУ) понуди различен датум пак, овој предлог нема да биде прифатен  или одбиен од страна на британската Влада, туку од страна на Парламентот.

Според вестите во британскиот печат кои што се потпираат на владини извори, премиерот Борис Џонсон планира да покаже отпор, да се спротивстави, на применувањето на овој закон и со тоа да создаде де факто состојба и на 31 октомври да ја оддели земјата од Европската унија (ЕУ).

Доколку Борис Џонсон го избаре овој пат, постои можност британските пратеници прашањето да го носат пред суд.



Слични вести