Телефонски разговор помеѓу Путин и Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин по размената на заробени и уапсени лица оствари телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски

Телефонски разговор помеѓу Путин и Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски. 

Разговорот е остварен по размената на заробени и уапсени лица помеѓу двете земји.

Според објавеното соопштение од Дворецот Кремљ, двајцата лидери во телефонскиот разговор нагласија дека размената на заробени и уапсени лица е значајно за подобрување на односите помеѓу Русија и Украина.

Во разговорот стана збор и за кризата во источниот дел на Украина и беше изнесено значењето на придржувањето кон прекинот на огнот и повлекувањето на своите единици и оружјето од контактната линија од страна на завојуваните страни.

Во телефонскиот разговор  беше изнесена потребата од продолжување на работите за организирање на лидерскиот самит на Нормандиската четворка (Германија, Франција, Русија и Украина). 

Инаку, вчера помеѓу Русија и Украина со формулата "35 на 35" беше извршена размена на вкупно 70 заробени и уапсени лица, а меѓу кои беа и 24 украински морнари кои беа уапсени по кризата во Керченскиот теснец.



Слични вести