ОН ќе испратат 8 тони помош во храна на Бахамите погодени од ураганот Дориан

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, Стефан Дујарич, на редовниот дневен брифинг истакна дека организацијата ќе испрати 8 тони помош во храна на Бахамите

1264533
ОН ќе испратат 8 тони помош во храна на Бахамите погодени од ураганот Дориан

Обединетите нации (ОН) ќе испратат 8 тони помош во храна на Бахамите кои се погодени од ураганот Дориан.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, Стефан Дујарич на редовниот дневен брифинг истакна дека Обединетите нации (ОН) ќе испратат 8 тони помош во храна на Бахамите.

Дујарич рече дека освен тоа, Светската програма за храна ќе испрати и сателитска опрема за воспоставување на комуникација со екипите за итна интервенција во погодените места од ураганот Дориан.

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) задолжен за хуманитарни прашања Марк Коукок по силниот ураган ги посети Бахамите каде што истакна дека  70 илјади лица имаат потреба од итна помош во храна и чиста вода.



Слични вести