Билансот на жртвите од ураганот Дориан на Бахамите се зголеми на 30 лица

Премиерот на Бахамите Хуберт Минис истакна дека бројот на загинатите поради ураганот Дориан се искачи на 30 лица

1264646
Билансот на жртвите од ураганот Дориан на Бахамите се зголеми на 30 лица

Бројот на загинатите поради ураганот Дориан кој што ги погоди Бахамите се зголеми на 30 лица.

Премиерот на Бахамите Хуберт Минис истакна дека бројот на загинатите поради ураганот Дориан се искачи на 30 лица.

Ураганот кој што е евидентиран како најсилен забележан ураган во регионот досега стана причина за големи материјални штети на Бахамите каде што освен човечките загуби и повредените, илјадници лица останаа и без покрив над главата.  

Активностите за пребарување и спасување на Бахамските острови продолжуваат и се стравува од зголемување на бројот на загинатите.

Претходно и Обединетите нации (ОН) соопштија дека 70 илјади лица на Бахамите имаат потреба од итна помош во храна и чиста вода и дека во погодените места ќе бидат испратени 8 тони помош во храна.

Ураганот Дориан кој што по Бахамите пристигна на источните брегови на Соединетите Американски Држави (САД) најпрвин својата јачина ја зголеми на трета категорија, а потоа повторно се намали на втора категорија и продолжува да делува во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина. 

Силната бура и врнежите од дожд станаа причина за поплави и ненадејно надојдени води во градот Чарлстон во сојузната држава Северна Каролина.

Освен тоа, во Јужна и Северна Каролина дојде до прекин на електричната енергија во повеќе од 220 илјади домови и работни места.



Слични вести