Силна експлозија во главниот град на Авганистан, Кабул: Нема информации за загинати или ранети

Портпаролот на Дирекцијата на полицијата во Кабул Фирдевс Фарамарз истакна дека експлозијата се случила во источниот дел на главниот град во 9-тата полициска област во близина на квартот каде што се наоѓаат амбасадата на САД и другите дипломатски мисии

1264119
Силна експлозија во главниот град на Авганистан, Кабул: Нема информации за загинати или ранети

Во главниот град на Авганистан, Кабул, во близина на квартот каде што се наоѓаат дипломатските мисии дојде до силна експлозија.

Портпаролот на Дирекцијата на полицијата во Кабул Фирдевс Фарамарз истакна дека експлозијата се случила во источниот дел на главниот град во 9-тата полициска област во близина на квартот каде што се наоѓаат амбасадата на САД и другите дипломатски мисии.

Засега нема информации за тоа дали во оваа силна експлозија има загинати или ранети.

 



Слични вести