На Бахамите погодени од ураганот Дориан 70 илјади лица имаат потреба од итна хуманитарна помош

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) задолжен за хуманитарни прашања Марк Лоукок кој ги посети Бахамите погодени од ураганот Дориан истакна дека 70 илјади лица имаат потреба од итна хуманитарна помош како храна и чиста вода

1263855
На Бахамите погодени од ураганот Дориан 70 илјади лица имаат потреба од итна хуманитарна помош

Како што се истакнува на Бахамите кои се погодени од ураганот Дориан 70 илјади лица имаат потреба од итна хуманитарна помош како храна и чиста вода.

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) задолжен за хуманитарни прашања Марк Лоукок кој ги посети Бахамите ги информираше новинарите преку телеконференција во врска со големиот пустош предизвикан од ураганот. 

Привлекувајќи внимание дека Дориан е најсилниот ураган којшто ги погоди Бахамите досега и дека регионот досега не бил соочен со една ваква силна елементарна непогода, Марк Лоукок рече: „70 илјади лица имаат потреба од итна хуманитарна помош, како храна и чиста вода“

Министерот за здравство на Бахамите Дуане Сандс исто така истакна дека претходно соопштената бројка од 7 жртви е зголемена на 20 лица и дека постои загриженост оваа бројка да се зголеми уште повеќе.

Премиерот на Бахамите Хуберт Минис пак, соопшти дека се оштетени 60 отсто од градбите во околината на пристаништето Марш. 

Ураганот се намали на втора категорија и напредува кон источните брегови на САД каде што се очекува да ги погоди сојузните држави Флорида и Џорџија, а се предвидува дека ќе ги зафати и Јужна и Северна Каролина. 

Националниот центар за урагани на САД предупреди дека ураганот Дориан чија бризина е намалена се уште продолжува да претставува закана и дека брзината му е намалена на 177 километри на час, но дека би можел да стане причина за поплави.



Слични вести