Братот на британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата во министерството

Џо Џонсон: „Во последните неколку недели останал меѓу лојалноста кон семејството и националните интереси“

1264289
Братот на британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата во министерството

Џо Џонсон, братот на британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата во министерството и пратеничкото место од редовите на Конзервативната партија.

Џо Џонсон на министерската функција беше назначен минатиот месец по формирањето на новата влада од страна на брат му премиерот Борис Џонсон. Во објавата преку профилот на твитер Џо Џонсон истакна дека поднесува оставка од министерската функција и пратеничката позиција од Конзервативната партија.

Џо Џонсон во пораката преку објавата истакна дека „не се согласува со остриот став на постариот брат и премиер Борис Џонсон во однос на Брегзит потенцирајќи дека во последните неколку недели останал меѓу лојалноста кон семејството и националните интереси. Ова е нерешлива состојба. Сега е ред на другите да ја преземат мојата улога како пратеник и министер“ подвлече Џонсон.



Слични вести