Ураганот Дориан ги опустоши Бахамите: Се стравува од зголемување на бројот на жртвите

Надлежни на Бахамите каде што продолжуваат активностите за пребарување и спасување истакнуваат дека бројот на жртвите во силниот ураган се зголеми на 7 лица и дека се стравува од уште повеќе зголемување на оваа бројка

1263322
Ураганот Дориан ги опустоши Бахамите: Се стравува од зголемување на бројот на жртвите
dorian kasirgasi1.jpg

Ураган Дориан во Атланскиот Океан кој ги погоди Бахамите со јачина од петта категорија стана причина за голем број човечки загуби и голема материјална штета.

Надлежни на Бахамите каде што продолжуваат активностите за пребарување и спасување истакнуваат дека бројот на жртвите во силниот ураган се зголеми на 7 лица и дека се стравува од уште повеќе зголемување на оваа бројка.

Премиерот на Бахамите Хуберт Минис пак, истакна дека се оштетени 60 отсто од градбите во околината на пристаништето Марш.

Ураганот Дориан е евидентиран како најсилен ураган кој го зафати регионот досега.

Ураганот се намали на втора категорија и напредува кон сојузните држави Флорида, и Јужна и Северна Каролина на источните брегови на САД. 

Националниот центар за урагани на САД предупреди дека ураганот Дориан чија бризина е намалена се уште продолжува да претставува закана и дека брзината му е намалена на 177 километри на час и би можел да стане причина за поплави.



Слични вести