Хасан Рухани: Деталите на третиот чекор ќе ги соопштиме денеска или утре

Хасан Рухани рече: „Иран, поради тоа што не можеше да постигне конечен резултат со Европската унија (ЕУ) денеска или утре ќе ги соопшти деталите на третиот чекор за намалување на своите ветувања кон нуклеарниот договор и ќе го спроведе тоа.“

1263664
Хасан Рухани: Деталите на третиот чекор ќе ги соопштиме денеска или утре

Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека поради тоа што неговата земја не можеше да постигне конечен резултат со Европската унија (ЕУ) денеска или утре ќе ги соопшти деталите на третиот чекор за намалување на своите ветувања кон нуклеарниот договор.

Според објавеното соопштение од кабинетот на иранскиот претседател, претседателот Рухани во говорот што го одржа на владината седница застана во одбрана на тоа дека на одржаните преговори со Европската унија (ЕУ) се решени голем број значајни прашања и дека бројот на прашањата во однос на кои постоеше недоразбирање од 20 е намален на 3.

Хасан Рухани рече: „Иран, поради тоа што не можеше да постигне конечен резултат со Европската унија (ЕУ) денеска или утре ќе ги соопшти деталите на третиот чекор за намалување на своите ветувања кон нуклеарниот договор и ќе го спроведе тоа.“

Привлекувајќи внимание дека далеку е можноста да се постигне соодветен резултат со ЕУ денеска или утре, Рухани појасни дека неговата земја премина на третата фаза, а како што рече поради тоа што не можеше да се постигне соодветен резултат во преговорите кои што беа водени по претходно фрлените чекори.

Тој напомена дека и по фрлениот трет чекор ќе бидат продолжени разговорите со страните на договорот и дека патот за преговори е отворен.

„Третиот чекор нема да биде мошне шокантен, меѓутоа е многу значаен за Агенцијата за атомска енергија и ќе им придаде посебна брзина на нејзините активности.“ - порача иранскиот претседател Хасан Рухани.

 



Слични вести