Израелските војници притворија 12 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Израелската армија соопшти дека во извршените упади синоќа врз различни области на Западниот Брег се притворени 12 Палестинци за кои се тврди дека „биле замешани во терористички акции“

1263499
Израелските војници притворија 12 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Израелските војници притворија 12 Палестинци на окупираниот Западен Брег.

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се истакнува дека во извршените упади синоќа врз различни области на Западниот Брег се притворени 12 Палестинци за кои се тврди дека „биле замешани во терористички акции“.

Во соопштението се вели дека притворените Палестинци биле испратени во центарот за притвор. 

Израелските сили често реализираат упади во домовите на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) кои се наоѓаат под окупација и притоа под различни изговори ги притвораат Палестинците.

По овие зачестени притвори на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), некои од Палестинците, меѓу кои има и жени и деца, се држат со денови во центрите за притвор.

Според официјални палестински извори, во израелските затвори има 5.700 Палестинци од кои приближно 500 административни затвореници и 230 деца.



Слични вести