Иран ослободи 7 члена на посадата на заробениот британски танкер

Британската морнарица на почетокот на јули на Гибралтар зароби ирански танкер под обвинение дека превезува нафта во Сирија

1263614
Иран ослободи 7 члена на посадата на заробениот британски танкер

Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека се ослободени дел од членовите на посадата на заробениот британски танкер „Стена имперо“.

Паралелно со тоа, Иранската државна телевизија јавува дека се ослободени седум морнари од британскиот брод кој Револуционерната гарда на Иран го зароби на 20 јули во Ормудскиот Теснец.

На заробениот британски брод беа вкупно 23 члена на посадата, но никој од нив не е државјанин на Велика Британија.

Британската морнарица на почетокот на јули на Гибралтар зароби ирански танкер под обвинение дека превезува нафта во Сирија и крши меѓународни санкции. Танкерот и посадата се пуштени од Гибралтар на 19 август.



Слични вести