Вооружени судири помеѓу терористите на ЈПГ/ПКК и Слободната сириска армија во близина на Азез

Терористите на ЈПГ/ПКК синоќа реализираа вооружени напади со цел да се префрлат во јужниот дел на Азез кој се наоѓа на сириска територија, веднаш наспроти градот Килис по што дојде до вооружени судири со Слободната сириска армија (ССА)

1263112
Вооружени судири помеѓу терористите на ЈПГ/ПКК и Слободната сириска армија во близина на Азез

Во вооружени судири помеѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и Слободната сириска армија (ССА) кои што започнаа откако терористите на ЈПГ/ПКК се обидоа да се префрлат во јужниот дел на Азез, загина едно лице на страната на Слободната сириска армија (ССА), а двајца се ранети.

Припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК синоќа реализираа вооружени напади со цел  преку окупираното село Мераназ да се префрлат во јужниот дел на Азез кој се наоѓа на сириска територија, веднаш наспроти градот Килис.

По овој обид започнаа вооружени судири со тешко оружје помеѓу Слободната сириска армија (ССА) и терористите на ЈПГ/ПКК.

Во судирите загина еден припадник на Слободната сириска армија (ССА), а двајца беа ранети. 

Од друга страна, Турските вооружени сили (ТВС) утрото ги гранатираа позициите на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Тел Рифат.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК која со операцијата Маслиново гранче беше извадена од Африн продолжува да ја држи под окупација областа Тел Рифат.

Терористите вгнездени во оваа област често извршува напади врз населените места кои што се наоѓаат под контрола на Слободната сириска армија (ССА).



Слични вести