Мајк Помпео во Брисел се состана со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Според изјавата на еден функционер на НАТО, Столтенберг и Помпео на средбата разговарале за споделбата на товарот, мировните иницијативи во Авганистан и актуелните безбедносни прашања

1263008
Мајк Помпео во Брисел се состана со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во рамките на својата дводневна посета на главниот град на Белгија, Брисел, се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Според изјавата на еден функционер на НАТО, Столтенберг и Помпео на средбата разговарале за споделбата на товарот и мировните иницијативи во Авганистан.

Истиот функционер на НАТО информира дека Столтенберг и Помпео размениле и мислења во врска со состаноците кои што ќе се одржат наскоро и истакна дека во тие рамки бил поставен на дневен ред и лидерскиот состанок на НАТО што ќе се одржи во месец декември.

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во споделената порака на Твитер во врска со оставерната средба го напиша следното: „Со државниот секретар Помпео остваривме продуктивна средба посветена на актуелните безбедносни прашања. НАТО силно ги поддржува иницијативите за мир во Авганистан. Ги осудувам реализираните неодамнешни страотни напади. НАТО ја продолжува својата одлучност по прашањето на поддршката на авганистанските сили.“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во рамките на својата посета на Брисел се состанува и со новоизбраните водачи на институциите на Европската унија (ЕУ). 

Помпео се состана со новоизбраната претседателка на Европската комисија (ЕК) Урсула вон дер Лејен која на 1 ноември ќе го замени сегашниот претседател Жан-Клод Јункер и исто така со новоизбраниот претседател на Европскиот парламент (ЕП) Давид Сасоли, а се очекува да оствари средба и со Шарл Мишел кој е избран за претседател на Европскиот совет и со новиот Висок претставник на ЕУ Жозеф Борел.

 



Слични вести