Бројот на загинатите во нападот врз затвор во Јемен се зголеми на 123 лица

Бројот на загинатите во воздушниот напад на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија  врз една зграда која била користена како затвор во градот Замар во Јемен се зголеми на 123 лица, а над 100'тина лица се ранети

1262891
Бројот на загинатите во нападот врз затвор во Јемен се зголеми на 123 лица

Хусите соопштија дека бројот на загинатите во воздушниот напад реализиран од страна на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија  вор една зграда која била користена како затвор во градот Замар во Јемен, се зголеми на 123 лица, а над 100'тина лица се ранети.

Според добиени информации од еден функционер на Министерството за здравство на Хусите, од рушевините по реализираниот воздушен напад во неделата од страна на коалиционите сили под водство на Саудиска Арабија врз еден затвор во градот Замар во Јемен се извлечени мртвите тела на 123 лица.

Како што се истакнува активностите за пребарување под рушевините продолжуваат.

Инаку, Хусите претходно соопштија дека во реализираниот воздушен напад во неделата од страна на коалиционите сили врз една зграда која била користена како затвор и каде што биле држени приведени лица загинаа 50 лица, а 100'тина се ранети.

Воедно и во објавеното соопштение вчера преку сметката на социјалната медија на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) беше соопштено дека во нападите реализирани од страна на арапската коалиција во градот Заман загинаа повеќе од 100 лица.



Слични вести