Во последните бомбашки напади во Авганистан загинаа 9 лица

Во последните реализирани бомбашки напади во провинцијата Фарах во западниот дел и во провинцијата Бадахшан во североисточниот дел на Авганистан загинаа 9 лица

1262003
Во последните бомбашки напади во Авганистан загинаа 9 лица

При експлозија на бомба поставена на крајот на патот во населеното место Анар Дере во провинцијата Фарах во западниот дел на Авганистан загинаа 8 лица, од кои 6 мина цивили и двајца припадници на безбедносните сили.

Портпаролот на Дирекцијата на полицијата во Фарах Мухибулах Мухиб истакна дека во експлозија на поставена бомба на крајот на патот во населеното место Анар Дере животот го загубија  6 мина цивили и двајца припадници на безбедносните сили.

Мухиб наведе дека бомбата била поставена во областа од страна на Талибан.

Засега не е објавено било какво соопштение од Талибан во врска со случајот.

Од друга страна, 2 лица го загубија животот и во реализиран бомбашки напад на еден фудбалски стадион во провинцијата Бадахшан во североисточниот дел на Авганистан.

Портпаролот на Дирекцијата на полицијата во Бадахшан Санаулах Рухани истакна дека поставената бомба во фудбалскиот стадион во градот Фаизабад центарот на Бадахшан, била експлодирана во моментот на излегување на командантот на чуварите генерал Назир Ахмад Нијази од стадионот.

Рухани рече дека во нападот загинал еден телохранител на генералот Нијази, а едно лице било рането.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести