Сопрени летовите од аеродромот Митига во либискиот главен град Триполи

Летовите од аеродромот Митига во либискиот главен град Триполи се спрени и сите летови од овој аеродром ќе се реализираат од аеродромот Мисрата

1261888
Сопрени летовите од аеродромот Митига во либискиот главен град Триполи

Либиската авиокомпанија соопшти дека се сопрени летовите од аеродромот Митига во главниот град Триполи и дека сите летови ќе се реализираат од аеродромот Мисрата. 

Авиокомпанијата ал-Бурак со седиште во Либија исто така соопшти дека сите летови од аеродромот Митига ќе се одвиваат од Мисрата.

Авиокомпанијата на Либија претходно завчера вечер соопшти дека силите лојални на генералот Халифа Хафтар реализираа ракетен напад врз аеродромот Митига и дека парчиња од шрапнели од различна големина погодиле еден патнички авион.

Во објавеното писмено соопштение од либиското Министерство за здравство пак, се истакнува дека во случајот биле ранети 4 лица од кои тројца аџии.



Слични вести