Силниот ураган Дориан ги погоди Бахамите и полека се движи кон југоисточните брегови на САД

Националниот центар за урагани на САД соопшти дека ураганот Дориан кој се движи со брзина од 295 километри на час и чија сила достигна до највисоката петта категорија, ги погоди Бахамите

1262077
Силниот ураган Дориан ги погоди Бахамите и полека се движи кон југоисточните брегови на САД

Ураганот Дориан од петта категорија кој што се приближува кон југоисточните брегови на Соединетите Американски Држави (САД), ги зафати Бахамите.

Националниот центар за урагани на САД соопшти дека Дориан чија сила достигна до највисоката петта категорија, ги погоди Бахамите.

Според добиени информации од Центарот, брзината на ураганот Дориан достигна до 295 километри на час и е евидентиран како најсилен ураган кој го погодил регионот досега. 

Се претпоставува дека ураганот проследен со силни врнежи од дожд ќе предизвика сериозни штети врз Бахамите.

Надлежни истакнаа дека досега нема информации за човечки загуби и дека се преземени сите неопходни мерки.

Како што се истакнува, ураганот Дориан во понеделник, денеска, во вечерните часови ќе пристигне на бреговите на Флорида во САД, но дека се очекува да ги погоди силно особено американските сојузни држави Џорџија и Јужна Каролина кои што се наоѓаат по на север.

Според Националниот центар за урагани на САД, ураганот Дориан се очекува да ја зачува својата карактеристика како „ураган“ уште во текот на 5 дена и засега со бризина од 13 километри на час продолжува да се движи конисточните брегови на САД.

 



Слични вести