Портпаролот на МНР на Иран Мусеви порача: Третиот чекор ќе биде посилен од првиот и вториот

Абас Мусеви, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, истакна дека третиот чекор што ќе биде фрлен во правец на намалување на ветувањата на Техеран кон нуклеарниот договор ќе биде посилен од претходните фрлени два чекори

1262291
Портпаролот на МНР на Иран Мусеви порача: Третиот чекор ќе биде посилен од првиот и вториот

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусеви во дадената изјава информираше за третиот чекор што ќе го фрли Иран во четврток, во правец на намалување на своите ветувања кон нуклеарниот договор.

Мусеви истакна дека третиот чекор што ќе биде фрлен во правец на намалување на ветувањата на Техеран кон нуклеарниот договор, ќе биде посилен од претходните фрлени два чекори.

„Третиот чекор, чие планирање е завршено и подготвено за применување, ќе биде посилен од првиот и вториот чекор“ - порача Мусеви.

Привлекувајќи внимание дека доколку се постигне очекуваниот резултат од дипломатските напори има можност од враќање назад од фрлените чекори, Мусеви истакна дека средбите на министерот за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф во Франција и посета што ќе ја оствари неговиот помошник Абас Аракчи денеска на Париз, се дипломатски чекори кои што се фрлаат за заштита на нуклеарниот договор.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусеви напомена дека доколку земјите на Европската Унија (ЕУ) ги исполнат своите ветувања во рамките на нуклеарниот договор, Иран нема да го фрли третиот чекор.



Слични вести