Коалиционите сили предводени од С. Арабија бомбардираа затвор во Јемен: Има најмалку 60 загинати

Јусуф ел-Хадири, портпаролот на Министерството за здравство на управата на Хусите истакна дека во воздушните напади на коалиционите сили врз затворот во градот Замар досега загинаа 60 лица, а 100'тина се ранети

1262466
Коалиционите сили предводени од С. Арабија бомбардираа затвор во Јемен: Има најмалку 60 загинати

Во реализирани воздушни напади од страна на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија врз затворот во градот Замар во Јемен во кој од страна на Хусите се држат во затвор голем број лица, според добиени информации загинаа најмалку 60 лица, а 100'тина се ранети.

Јусуф ел-Хадири, портпаролот на Министерството за здравство на управата на Хусите која не е призната од страна на меѓународната заедница, во дадената изјава за телевизискиот канал Ел-Месира истакна дека во воздушните напади на коалиционите сили врз градот Замар досега загинаа 60 лица.

Директорот на Националниот комитет за затвореници на Хусите Абдулкадир ел-Муртада пак, изјави преку социјалната мрежа Фејсбук дека коалиционите сили го бомбардираа затворот под контрола на Хусите во градот Замар и дека поради жестоките напади екипите за спасување не можат да пристигнат до областа.   

Очевидци истакнаа дека голем број ранети во нападите со помош на возила и амбулантни коли на Хусите биле префрлени во болници, но дека еден дел од лицата кои се наоѓаа во затворот се уште се заглавени под рушевините на зградата.

Од друга страна, лидерот на Хусите Абдулмелик ел-Хуси во врска со случајот рече дека затворениците во затворот во Замар биле намерно бомбардирани.

Велејќи дека поголемиот дел од затворениците се подготвувале за договорот за размена, ел-Хуси случајот го окарактеризира како банкрот на човечките и моралните вредности.

„Ова извршено убиство врз затворениците докажува дека арапската коалиција не се воздржува од напаѓање на целиот јеменски народ, па дури и на оние кои и се верни.“ - рече лидерот на Хусите Абдулмелик ел-Хуси.

Портпаролот на Хусите Мухамед Абдуселам претходно во дадената изјава преку социјалната медија соопшти дека во бомбардирањето на воените авиони на коалиционите сили врз затворот во Замар загинаа 50 лица, а 100'тина се ранети. 

Хусите, во врска со случајот ги обвинуваат Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и ги повикуваат меѓународната заедница и локалните организации да го следат случајот одблизу.

Јеменското министерство за одбрана претходно соопшти дека бројот на загинатите и ранетите во воздушните напади реализирани од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) врз владините сили во четвртокот, во привремениот главен град Аден и во Ебјен изнесува над 300 лица.

Во објавеното соопштение од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во кое се потврдува нападот во врска со случувањата за кои станува збор, беше соопштено дека како одговор на реализираниот терористички напад врз арапските коалициони сили на аеродромот во Аден, бил реализиран напад врз една вооружена терористичка група во јужниот дел на Јемен.



Слични вести