Повик од ЕУ за изнаоѓање политичко решение за Џаму и Кашмир

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Маја Коцијанчич на редовната дневна прес конференција истакна дека Европската унија (ЕУ) води интензивна дипломатија по прашањето на Џаму и Кашмир

1259538
Повик од ЕУ за изнаоѓање политичко решение за Џаму и Кашмир

Европската унија (ЕУ) упати повик за воздржаност и политичко речение во врска со кризата до која што дојде по укинувањето на специјалниот статус на Џаму и Кашмир од страна на Индија.

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Маја Коцијанчич на редовната дневна прес конференција истакна дека Европската унија (ЕУ) води интензивна дипломатија по ова прашање и напомена дека во тие рамки високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини разговарале со министрите за надворешни работи на Пакистан и Индија.

Велејќи дека треба да се избегнува од зголемување на затегнатоста во регионот, Коцијанчич рече: "ЕУ застанува во одбрана на тоа дека проблемот којшто станува причина за нестабилност и недоверба во регионот би можел да се реши само со изнаоѓање на политичко решение помеѓу двете страни." 

Инаку, Индија на 5 август го укина членот број 370 од Уставот со кој повеќе од половина век му се признаваше привилегираност на Џаму и Кашмир, со што е укинат специјалниот статус на регионот. Џаму и Кашмир е поделен на две територии,  и тоа територија на Унијата Џаму и Кашмир и територија на Унијата Ладак.



Слични вести