Лорд: „Турција е сојузничка земја и стратешки партнер“

С-400 и Ф-35 меѓусебно не се совпаѓаат.

1258937
Лорд: „Турција е сојузничка земја и стратешки партнер“

Потсекретарот на американското министерство за надворешни работи (Пентагон) Елен Лорд во врска со вадењето на Турција од програмата за производство на авионите Ф-35 рече:

„Турција е сојузничка земја и стратешки партнер. Тоа пак подразбира дека секогаш ќе продолжиме да говориме“.

На прес конференцијата во Пентагон во врска со воената набавка и намирување на воените потреби на американската војска, Лорд одговараше на прашањата во врска со вадењето на Турција од програмата Ф-35 и кризата.

На почетокот беше постигната согласност дека над 900 делови на авионот Ф-35 ќе се произведат во САД, рече Лорд и додаде дека турските компании ќе продолжат со производството на наведените делови се до март 2020 година.

Правото на сопственост над авионите кое припаѓа на Турција сеуште се наоѓаат во воздушната база Луке и продолжуваат активностите за решавање на ова недоразбирање.

На прашањето во врска со тоа дали вадењето на Турција од програмата ќе влијае врз натамошната купопродажба на Турција од САД, Лорд рече:

Турција во врска со Ф-35 и другите активности има посебно место. Тоа беше отворено прашање во врска со С-400 (кој противракетен систем Турција го купи од Русија) и Ф-35.“

На прашањето „Дали има можност за враќање на Турција во програмата под која беше извадена?“, потсекретарот на Пентагон рече: „С-400 и Ф-35 меѓусебно не се совпаѓаат. Турција е сојузничка земја и стратешки партнер. Тоа пак подразбира дека секогаш ќе продолжиме да говориме“.



Слични вести