Во нападите на режимските сили и Русија врз Идлиб загинаа 9 цивили

Во последните реализирани напади на силите на Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија врз населените места во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија загинаа 9 цивили, а најмалку 20 мина се ранети

1258181
Во нападите на режимските сили и Русија врз Идлиб загинаа 9 цивили

Во реализирани напади на режимот на Бешар Асад и нивниот поддржувач Русија врз „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија 9 цивили, а најмалку 20 мина се ранети. 

Според добиени информации од Опозициската опсерваторија за авиони, Асадовиот режим и Русија реализираа силни воздушни напади врз населените места и селата во подрачјето на градот Идлиб.

Според информации од Цивилната Одбрана (Белите Беретки) пак, во нападите загинаа 9 цивили, а најмалку 20 мина се ранети.

Подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија уште од самиот почеток на граѓанската војна во оваа земја од 2011 година, е познато како упориште на опозиционерите.

Идлиб во март 2015 година премина под контрола на опозиционерите и заедно и со внатрешните раселувања бројот на населението овде  достигна до 4 милиони. 

Идлиб се наоѓа на чело на подрачјата кои што се подложени на најжестоките напади на режимот. 

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во нападите на силите на Асадовиот режим и Русија врз „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ од 26 април до 19 август загинаа најмалку 843'јца цивили.

Според добиени информации од Координацијата за интервенција на Сирија, која ги следи и собира податоците за процесот на раселување во „Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб“; од 17 септември 2018 година кога беше потпишана спогодбата за Идлиб помеѓу Турција и Русија, досега во подрачјето се раселени 945 илјади 992 цивили.

 



Слични вести