Предупредување од израелскиот премиер Нетанјаху до Асадовиот режим

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврдеше дека режимот на Бешар Асад му дозволува на Иран да ги користи сириските територии за реализирање на напади врз Израелците и го предупреди Асадовиот режим

1258377
Предупредување од израелскиот премиер Нетанјаху до Асадовиот режим

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху заеднно со началникот на генералштабот Авив Кохав беше во обиколка на Голанските висорамнини.

Притоа Нетанјаху тврдеше дека режимот на Бешар Асад му дозволува на Иран да ги користи сириските територии против нив и го предупреди Асадовиот режим.

Нетанјаху наведе дека Бригадите ал-Кудс поддржани од Иран испратиле специјална единица во Сирија за да убивање на Израелците кои живеат на Голанските висорамнини, а како што рече со беспилотни летала со експлозив.

Бенјамин Нетанјаху застана во одбрана на тоа дека оваа иницијатива е спречена со воздушните напади кои што ги реализира израелската армија прексиноќа врз целите на Бригадите ал-Кудс во близина на сирискиот главен град Дамаск.

Велејќи дека „Ќе го дешифрираме секој обид за напад кој што Иран има за цел да го изврши против Израел“, Нетанјаху го предупреди режимот на Бешар Асад без притоа отворено да го изговори неговото име.

„Нема да толерираме да биде извршен напад врз Израел од било која земја во регионот. Секоја земја која дозволува нејзините територии да се користат за напади врз Израел, ќе ги сноси и последиците од тоа.“ - рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.



Слични вести