Меркел на Самитот на Г-7: По прашањето со Иран се водат добри и конструктивни разговори
Германската канцеларка Ангела Меркел на Самитот на Г-7 во францускиот град Бијариц истакна дека по прашањето со Иран се водат добри и конструктивни разговори

Германската канцеларка Ангела Меркел информираше во врска со прашањата за кои што се разговара на Самитот на Г-7 во францускиот град Бијариц.
Во врска со разговорите на лидерите на земјите од Г-7 по прашањето на Иран, Меркел рече: „Сите се едногласни во однос на тоа дека Иран не треба да се стекне со нуклеарно оружје и секој посакува тоа да се постигне со решение за кое што ќе се преговара.“
Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека се водат добри и конструктивни разговори по прашањето со Иран.
Меркел информира дека францускиот претседател Емануел Макрон ги известил лидерите на земјите на Г-7 во врска со остварената средба со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф, а воедно додаде дека на средбата се стоело на прашања да не дојде до уште повеќе зголемување на затегнатоста и за тоа дали ќе се врати или нема да се врати повторно на преговори во врска со нуклеарниот договор.