Русија и Кина поднесоа жалба до СБ на ОН во врска со американските тестирања

САД, под изговор дека Русија ги прекршува одредбите на Договорот ИНФ еднострано се повлече од договорот

1257151
Русија и Кина поднесоа жалба до СБ на ОН во врска со американските тестирања

Русија и Кина поднесоа жалба до СБ на ОН во врска со американските тестирања на ракетите од среден дострел, поради што ги обвинија САД за повторно започнување на трката за наоружување и прекршување на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ).

Постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјанскиј покрај тоа што ги критикуваше САД поради повлекувањето од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) рече дека САД се спремни за ново наоружување.

Русија е спремна на сериозен дијалог со САД за обезбедување на стратешката стабилност и безбедност, рече Полјанскиј.

Постојаниот претставник на Кина во ОН Занг Џун во одговорот на ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека сакаат да разговараат за договор во кој ќе биде вклучен и Кина, рече дека е неприфатлив изговорот на САД дека од договорот се повлекува поради Кина.

Постојаниот американски претставник во ОН Џонатан Кохен пак ја обвини Русија дека повеќе од 10 години го прекршуваше Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) и дека покрај 6 годишните напори на САД за разубедување на Русија да се придржува кон договорот, на крајот САД беа принудени да се повлечат од договорот.

Кохен рече дека Русија како земја која го прекрши договорот усоврши нов ракетен систем од типот 9М729 со кој може да ја гаѓа Европа. Додека Русија и Кина ги развиваат своите оружја, очекуваат трезвеност од САД.

Ракетните тестови на САД не ги прекршија обврските на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ), рече Кохен и потенцираше дека САД се спремни за преговори со Русија и Кина и постигнување ефикасен договор.

САД, под изговор дека Русија ги прекршува одредбите на Договорот ИНФ еднострано се повлече од договорот. Министерството за надворешни работи на Русија на почетокот на месецов соопшти дека официјално заврши Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ).

Врз база на овие случувања, САД соопшти дека на 19 август тестирале една нова крстосувачка ракета со среден дострел од над 500 км.



Слични вести