Џевад Зариф: САД претставуваат фактор на недоверба во Персискиот залив

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф за време на својата посета на Норвешка ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека стануваат фактор на недоверба во Персискиот залив

1256985
Џевад Зариф: САД претставуваат фактор на недоверба во Персискиот залив

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во рамките на своите средби и разговори во главниот град на Норвешка, Осло, се состана со својота норвешка колешка Еини Ериксон.

Според иранската државна медија, Зариф ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека стануваат фактор на недоверба во Персискиот залив.

По средбата, на одржаната заедничка прес конференција со норвешката министерка за надворешни работи Еини Ериксон, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф, на едно поставено прашање во врска со тоа дали Норвешка ќе се приклучи кон воената коалиција којашто САД сакаат да ја формираат во Персискиот залив, рече: „САД претставуваат фактор на недоверба во Персискиот залив. Не треба да дозволиме да дојде до несреќи во овој регион којшто е доволно интензивен.“

Застанувајќи во одбрана на тоа дека ако постои поморска безбедност во Ормушкиот теснец треба да постои и во Гибралтар, Зариф рече дека неговата земја е најзначајната сила во поморската безбедност и дека зголемувањето на воените сили во Персискиот залив нема да биде во услуга на безбедноста.

Џевад Зариф говореше и на еден семинар во норвешкиот Институт за меѓународни односи (NUPI) каде што истакна дека половината од Ормушкиот теснец е под контрола на неговата земја и дека без Иран не може да се воспостави безбедноста во овој регион.

Зариф повтори дека Иран нема да биде страната која ќе започне војна во регионот, но доколку дојде до војна ќе се одбрани себе си. 

Иранскиот министер за надворшени работи Џевад зариф во рамките на својата посета на Норвешка се состана и со премиерката на оваа земја Ерна Солберг.



Слични вести