Додека шумите во Амазонија горат, Болсонаро и Макрон се караат

Додека продолжуваат да горат шумите во Амазонија каде што се наоѓаат најголемите дождовни шуми на нашата планета, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и францускиот претседател Емануел Макрон започнаа меѓусебна кавга

1257567
Додека шумите во Амазонија горат, Болсонаро и Макрон се караат

Предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон пожарите во шумите на Амазон (Амазонија) кои што продолжуваат да беснеат да биде поставен на дневен ред на Самитот на Г-7 што ќе започне утре во францускиот град Бијариц, го налути бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Макрон во соопштението кое што го објави на својата сметка на социјалната медија Твитер напиша: „Нашиот дом гори. Горат дождовните шуми на Амазонија, белите дробови на нашата планета кои произведуваат 20 отсто од кислородот. Тоа е меѓународна криза.“

Макрон истакна дека прашањето би можело да биде разгледано на Самитот на Г-7 што ќе започне утре.

Веднаш потоа и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во објавата што ја сподели на својата сметка на Твитер тврдеше дека предлогот на Макрон е поврзано со обид за стекнување на „политичка корист“ и го изнесе следниот коментар: „Предлогот на францускиот претседател без учество на регионалните земји 'За пожарот во Амазонија да се дискутира на Самитот на Г-7', потсетува на колонијалистичкиот менталитет кој што не оди во прилог на 21. век.“ 

Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро вчера изјави дека неговата земја не располага со ресурси за да се справи со пожарот во Амазонија.

Научниците укажуваат на тоа дека заштитата на Амазонија со најголемите дождовни шуми во светот одигрува значајна улога во борбата против климатските промени.



Слични вести