Гутерес е за решавање на растечката тензија помеѓу Индија и Пакистан по пат на дијалог

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич во однос на прашањето на Џаму и Кашмир помеѓу Индија и Пакистан рече: „Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) е силен поддржувач за дијалог“

1256925
Гутерес е за решавање на растечката тензија помеѓу Индија и Пакистан по пат на дијалог

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес го повтори својот предлог за надминување по пат на дијалог на растечката тензија помеѓу Индија и Пакистан, по укинувањето на членот број 370 од страна на индиската влада со кој му се признава специјален статус на Џаму и Кашмир.

Според вестите објавени во пакистанскиот печат, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич на едно поставено новинарско прашање во седиштето на светската организација во однос на тоа дали генералниот секретар Гутерес врши притисок врз Индија и Пакистан во правец на одржување разговори по прашањето на Џаму и Кашмир, го рече следното: „Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) е силен поддржувач за дијалог.“

Укажувајќи на тоа дека Обединетите нации (ОН) ги земаат во предвид Конвенцијата на ОН и резолуциите на Советот за безбедност по прашањето на Џаму и Кашмир, Дујарич напомена дека генералниот секретар Антонио Гутерес потсетил на Договорот од Шимил од 1972 година помеѓу Пакистан и Индија со што двете земји се изјасниле дека конечниот статус на Џаму и Кашмир треба да се реши по мирољубиви патишта во правец на Конвенцијата на ОН.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во дадената изјава на 8 август врска со укинувањето на специјалниот статус на Џаму и Кашмир од страна на Индија и одлуката за поделбата на регионот на два дела Џаму и Кашмир и територија на Унијата Ладак, го рече следното: "Страните треба да избегнуваат од фрлање на чекори во правец на променување на статусот на регионот. Овој проблем треба да се реши со мирољубиви патишта во правец на резолуциите на Обединетите нации (ОН)." 

Индија на 5 август го укина членот број 370 од Уставот со кој повеќе од половина век му се признаваше привилегираност на Џаму и Кашмир, со што е укинат и овој специјален статус на регионот.



Слични вести