Францускиот претседател Макрон и британскиот премиер Џонсон во Париз разговараа за Брегзит

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека неговата земја е подготвена за секое сценарио по прашањето на Брегзит т.ј. излезот на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), вклучувајќи ја и разделбата без договор на 31 октомври

1256883
Францускиот претседател Макрон и британскиот премиер Џонсон во Париз разговараа за Брегзит

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон по остварената средба во Елисејската палата во Париз одржаа заедничка прес конференција.

Во оваа пригода Макрон истакна дека неговата земја е подготвена за секое сценарио по прашањето на Брегзит т.ј. излезот на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), вклучувајќи ја и разделбата без договор на 31 октомври.

Велејќи дека ја почитува одлуката на британскиот народ за Брегзит, но дека истата ја дочекува со жалење, Макрон нагласи дека никоја земја на Европската унија (ЕУ) не може повторно да преговара за договорот за Брегзит. 

По прашањето на Брегзит, Макрон рече: „Се подготвуваме за секое сценарио, вклучувајќи ја и разделбата без договор на 31 октомври.“

Францускиот претседател Емануел Макрон напомена дека за прашањето со Брегзит треба да се изнајде решение за еден месец и укажа на тоа дека не станува збор за постигнување на нов договор.

Макрон го додаде и тоа дека „членот за мерките за претпазливост“ кои што се внесени во договорот за Брегзит ја воспоставуваат стабилноста во Ирска.

Британскиот премиер Борис Џонсон исто така рече: „На 31 октомври треба да се одделиме од Европската унија (ЕУ), со или без договор.“

Велејќи дека Велика Британија сака да ги развие своите односи со Франција и по одделувањето од Европската унија (ЕУ), Џонсон додаде дека прашањето со Брегзит треба да се реши на брз начин без да се чека 31 октомври.



Слични вести