Арапската лига (АЛ) со реакција против плановите на Израел за евреизација на Ерусалим

Заменик генералниот секретар на Арапската лига задолжен за прањата со Палестина Саид Ебу Али објави писмено соопштение по повод 50 годишнината од палењето на Месџид-и Акса од страна на фанатизираните евреи

1256463
Арапската лига (АЛ) со реакција против плановите на Израел за евреизација на Ерусалим

Арапската лига (АЛ) покажа реакција против плановите кои што ги применува Израел за евреизација на Ерусалим (Кудс).

Заменик генералниот секретар на Арапската лига задолжен за прашањата со Палестина Саид Ебу Али објави писмено соопштение по повод 50 годишнината од палењето на Месџид-и Акса од страна на еден фанатизиран евреин.

Саид Ебу Али во соопштението го истакна следното: „Окупаторксите израелски власти продолжуваат да ги применуваат своите планови за евреизација на Ерусалим (Кудс) и систематски да ги поставуваат на мета Ерусалим (Кудс) и светите места на муслиманите и христијаните. На чело на овие прекршувања се наоѓаат упадите врз Харем-и Шериф со посредство на израелските власти, нивните одлуки и нивната поддршка.“  

Нагласувајќи дека „Израел со обемна поддршка и на САД има за цел да го евреизира Харем-и Шериф и да го промени неговиот историски и правен статус за негова поделба“, Ебу Али упати повик до меѓународната заедница да ги исполни своите одговорности по прашањето на стопирање на нападите кои што продолжуваат од страна на Израел и за обезбедување на неопходната меѓународна заштита за ставање крај на окупацијата од страна на оваа земја. 

Инаку, австралискиот фанатизиран евреин по име Денис Мајкл Рохан на 21 август 1969 година влезе во Месџид-и Акса и ги запали михработ и илјада годишниот минбер на џамијата Кибла.

Месџид-и Акса која се наоѓа во Источен Ерусалим (Кудс) и под израелска окупација, е карактеристична по тоа што е првата кибла на Муслиманите.



Слични вести