Џузепе Конте оставката му ја поднесе на претседателот Матарело

Премиерот Конте во говорот на седницата на Генералното заседание на Сенатот најави дека ќе поднесе оставка

1256030
Џузепе Конте оставката му ја поднесе на претседателот Матарело

Италијанскиот премиер Џузепе Конте оставката му ја поднесе на претседателот Серџио Матарела.

Премиерот Конте во говорот на седницата на Генералното заседание на Сенатот најави дека ќе поднесе оставка, а веднаш по средбите во Сенатот во вечерните часови замина во претседателскиот палата Куиринале.

Во соопштението кое беше објавено од страна на кабинетот на претседателот беше истакнато дека премиерот Конте на средбата на претседателот му ја поднесе оставката од премиерската функција.

Конте ќе продолжи да ја извршува премиерската функција се додека не се формира новата влада, беше истакнато во соопштението.



Слични вести