Привремениот претседател на Алжир побара поддршка на националниот дијалог

Привремениот претседател Бин Салих наведе дека дијалогот е добро прифатен од страна на јавноста

1255179
Привремениот претседател на Алжир побара поддршка на националниот дијалог

Привремениот претседател на Алжир Абдулкадир бин Салих, ги повика  политичките сили и граѓанските организации да го поддржат процесот на Национален дијалог за да се надмине кризата во земјата.

Во пораката по повод Националниот ден на борците на Алжир (20 август), Бин Салих го повтори повикот за национален дијалог во Алжир во кој нема да биде исклучена ниту една група, со цел поскоро одржување на претседателските избори.

Салих наведе дека дијалогот е добро прифатен од страна на јавноста, потенцирајќи дека претседателските избори не се само неопходност, туку и итно решение што ќе овозможи земјата да функционира преку уставните институции.

Во тој контекст, Бин Салих ги повика политичките сили, граѓанските организации и патриотите да подготват поволна средина за започнување на дијалогот, како и нивна поддршка на процесот за дијалог.

Алжирскиот привремен претседател Абдулкадир бин Салих повика на формирање на алжирскиот Национален комитет за дијалог кој ќе врши надзор на дијалогот меѓу граѓанското општество и владата за одржување на избори во земјата.



Слични вести